Аеродром, Центар и Карпош се општини со најголем број заболени од Ковид-19

Макфакс

18/10/2020

16:40

2.396

Големина на фонт

а а а

Аеродром, Центар и Карпош се скопски општини со најголем број на заболени од Ковид-19. Според најновите податоци од Министерствоот за здравство, во Аеродром има 531 активен случај на коорнавирус, во Центар се забележани 448 активни случаи, додека во скопската општина Карпош има 437 регистрирани случаи.

Активни случаи по општини во Скопје:

• Чаир – 118

• Гази Баба – 282

• Аеродром – 531

• Карпош – 437

• Центар – 448

• Кисела Вода – 312

• Ѓорче Петров – 208

• Бутел – 107

• Шуто Оризари – 15

• Студеничани – 4

• Сарај – 16

• Арачиново – 7

• Илинден – 36

• Сопиште – 20

• Чучер Сандево – 8

• Петровец –16

• Зелениково – 8

• Странец – 12

• Нераспределен – 70

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23628, бројката на оздравени пациенти е 17239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5555.



Спонзорирани линкови

Маркетинг