Плантажа со марихуана на три ката и со вредност од милион фунти пронајдена во Англија

Макфакс

18/10/2020

11:39

1.493

Големина на фонт

а а а

Во објект на поранешен ноќен клуб во Ковентри, полицијата открила плантажа со марихуана на три ката, за која се проценува дека вреди повеќе од милион фунти.

Службеници од британската Национална агенција за криминал (НЦА) во четвртокот извршиле претрес во објектот и пронашле 1.000 растенија и опрема за садење, одгледување и наводнување, чија вредност се проценува на околу 150.000 фунти, пишува „Скај Њуз“.

Уапсени се тројца мажи и обвинети за производство на дрога од Б класа. Двајца од нив полицијата уапсила со помош на дрон додека се обидувале да избегаат од зградата.

„Станува збор за значајна заплена на дрога што ќе има огромно влијание врз поврзаните криминални групи, бидејќи ќе ги лиши од стока и профит. Насадот се протегаше на три ката од голема зграда. Ова е секако една од најголемите плантажи што ги има откриено НЦА”, рече Адам Ворнок, претставник на Агенцијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг