Ќерката на Жан Клод ван Дам има што да покаже – тело од милион долари

Точка

17/10/2020

12:54

11.661

Големина на фонт

а а а

Жан Клод ван Дам беше еден од најпознатите акциони актери во текот на 90-те години, а иако за два дена треба да наполни 60 години, актерот и понатаму може да се пофали со неверојатната фигура на тело.

На неговите сетови пораснале и неговата ќерка Бјанка и синот Кристофер, а убавицата Бри денеска гордо оди по стапките на својот татко.

Имено, Бјанка Бри, првпат во јавноста се појавила со татко ѝ и брат ѝ на премиерата на филмот пред неколку години. Денес таа има 29 години и веќе повеќе години се занимава со спорт, претежно со фитнес, што може да се забележи по нејзиното тело.


Сепак, медиумите велат дека мажите од неа се плашат поради нејзиниот популарен татко.

Бјанка имала неколку епизодни улоги во филмовите на нејзиниот татко, а учествувала и во продукцијата.

„Кој вели дека во денешно време невозможно е да бидете во постојана кондиција? Со својот пример сакам да има покажам на младите девојки дека е многу поважно да бидат силни жени во добра форма отколку слаби. Исто така верувам дека ова е важно за самодовербата, особено кај девојките кои што тоа допрва го градат“ - истакнала Бјанка.

Жан Клод исто така има и син Кристофер кој што се занимава со боречни вештини, но и со актерство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг