Министерот Филипче со твит одговори на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за негово разрешување од функцијата

Точка

17/10/2020

12:30

5.547

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот профил на Твитер објави фотографија од членови на ВМРО-ДПМНЕ.

На фотографијата на која наводно е настаната на состанок на ВМРО-ДПМНЕ, на кој се барала одговорност од владата за коронавирусот, се гледа дека не се почитуваат мерките за заштита, не се носи маска и не се одржува дистанца. 

„Состанок на ВМРО ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот“, напиша Филипче на Твитер.

На фотографијата се забележува претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов во друштво на триесетина членови или симпатизери на партијата.

Со својот Твит Филипче алудира на неодговорноста од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно порачаа дека најдобрата мерка што може да ја преземе владата е Филипче да си поднесе оставка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг