Полска: За еден ден починаа 132 лица заразени со коронавирус

Макфакс

16/10/2020

18:45

777

Големина на фонт

а а а

Полска забележа рекордни 132 смртни случаи поврзани со коронавирусот, кој зарази 7.705 лица во последните 24 часа. Владата воведува нови ограничувања, но вели дека се обидува да избегне карантин.

Владата апелираше до граѓаните да патуваат во странство само доколку е потребно, откако во четвртокот беа регистрирани рекордни 8.099 нови случаи на зараза.

Воведени се нови ограничувања во четвртокот, вклучително и затворање на сите спортски сали и базени, а се ограничува и бројот на гости на свадби, кои се забранети во некои региони.

Владата соопшти дека се обидува да избегне целосен карантин, но не се исклучуваат нови ограничувања доколку бројот на заразени продолжи рапидно да расте. Некои големи градови, вклучително и Варшава, се означени како црвени зони, каде што се во сила најголемите ограничувања.

Од почетокот на пандемијата, потврдени се 157.608 случаи на инфекција со коронавирус во Полска, додека 3.440 лица починале од Ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг