Ја знаете мелодијата, не ја знаете песната? Отпејте му ја не телефонот, "Google" можеби има одговор

Точка

16/10/2020

16:37

1.681

Големина на фонт

а а а

Најавени се неколку ажурирања на "Google Search" апликацијата, а вештачката интелигенција и натаму ќе се користи за унапредување на корисничкото искуство.

Сега е доволно барем отприлика да знаете како оди мелодијата на некоја песна на која не можете да се сетите. 

Кога ќе отворите "Google Search" можете да го отпеете делот на кој се сеќавате, и во опцијата "Search A Song" да погледнете што ќе ви каже "Google".

Вашето пеење би требало да трае од 10 до 15 секунди, за алгоритмот да има доволно материјал да ја пронајде песната во базата на податоците.

Функцијата моментално е достапна на англиски јазик за "iOS" и на околу 20 јазици за "Android", а во план е воведување и на други јазици.




Спонзорирани линкови

Маркетинг