Силување, тумор, корона... Сите актерки од серијата „Волшебнички“ поминуваат низ драма, но една ужива во животот

Точка

16/10/2020

14:33

6.852

Големина на фонт

а а а

Нив ги засакавме преку култната серија, а еве како изгледаат и што прават денес.

Тие ни беа омилените волшебнички од серијата. Речиси една деценија ги гледавме на малите екрани, но што се случува денес во нивните животи? Некои од нив поминуваат низ тешки периоди во животот, но успешно се борат со истите.

Актерката Роуз Мекгован (Пејџ) во своите мемоари со наслов „Brave“, открила детали од својот живот за нападот од страна на Харви Вајнштајн во 1997-та година на филмскиот фестивал „Sundance“. „Time“ минатата година објави дека актерката за молчење од Вајнштајн добила 100.000 долари, сепак таа во декември минатата година јавно проговори за тоа.

Шенон Доерти (Пру) не исчезна од јавноста, често своите обожаватели ги информира за приватните работи од животот. Таа во 2015-та година откри дека има рак на дојка, поради што го тужеше и нејзиниот менаџер за неплаќање на осигурување.

Тогаш таа на суд изјавила дека тоа ја спречувало да ги добива потребните медицински лекови, кои што можеле да ѝ помогнат со болеста. Третманот за лечење на актерката опфаќа и хемотерапии, зрачење и операции.

Алиса Милано (Фиби), кон крајот на месец март ги почувствувала првите симптоми на коронавирусот, па открила дека сè уште има некои последици од истиот. Откако неодамна апелираше до сите луѓе да носат заштитни маски и објасни дека поради коронавирусот ѝ опаѓа косата, сега призна дека има проблеми и со помнењето и дека на некои работи се сеќава како „низ магла“.

Холи Мери Комбс (Пајпер) во 2017-та година ја најави веридбата со реставраторот Мајк Рајан. По две години, во септември 2019-та година тие се венчале во Калифорнија. Таа за разлика од своите останати колешки од серијата, денеска ужива во егзотичните дестинации и турбулентните настани од нејзиниот живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг