Samsung веднаш се пошегува на сметка на Apple: Со нашите телефони добивате и полнач...

Точка

15/10/2020

20:15

7.173

Големина на фонт

а а а

Новата генерација на iPhone го привлече вниманието на технолошката јавност, а најмногу се зборува за тоа што овогодинешните модели на iPhone 12 нема да пристигнат „во пакет“ со полнач.

Покрај големиот број на добри работи кои можевме да ги видиме, најголемо внимание привлече фактот што во пакувањето, новата генерација на паметните телефони на Apple нема да пристигне во пакет со полнач.

Apple оваа одлука ја оправда со тоа што, на овој начин, повеќе се заштитува животната средина. Од американската компанија нагласија дека ефектот на исфрлувањето на полначот од пакувањето ќе биде ист како од употреба да се исфрлат дури 450 илјади автомобили во една година.

Сепак, оваа ситуација веднаш ја искористија нивните најголеми ривали – Samsung. Јужнокорејската компанија на „Фејсбук“ веднаш објави фотографија на која е прикажан полнач и напиша: „Вашиот нов Galaxy ви нуди се што ви е оторебно. Од основните работи како полнал, па се до врвна батерија, камери, перформанси и 120Hz екран“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг