Ова е навистина ретка сцена: Судир кој возачите ќе го платат скапо...

Точка

15/10/2020

19:47

4.531

Големина на фонт

а а а

Rolls-Royce Ghost и Lamborghini Urus не се честа појава на патиштата, а уште поголема реткост е да се судрат два вакви исклучително скапи автомобили.

Токму тоа се случи во едно мало место во близина на Бирмингем во Англија. На социјалните мрежи се појави и фотографија од судирот на која може да се види дека двата автомобили претрпеле прилично сериозна штета, посебно возилото на Rolls-Royce.

Според британските медиуми, за судирот е виновен возачот на Rolls-Royce Ghost, кој покрај џипот на Lamborghini, удрил и во уште едно возило. Наводно возел со неприлагодена брзина и побегнал после судирот.

Се проценува дека материјалната штета на двата автомобили би можела да надмине и 250 илјади евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг