Точка ТВ: Неверојатната животна приказна на Иван Иванов - од инвалидска количка до бодибилдинг натпревари

Точка

14/10/2020

22:35

8.327

Големина на фонт

а а а

Иван Иванов е младо момче со исклучително тешка животна приказна, која за среќа има убав завршеток.

Иванов е фитнес тренер, кој пред 3 и пол години доживеал страшна сообраќајна несреќа, поради која завршил во инвалидска количка.

Токму кога успеал да се пронајде себеси во бодибилдингот, да освојува престижни награди и полека да се искачува на врвот, преголемата брзина на моторот кој го возел - за само еден момент му го променила животот.

После 10-на хируршки интервенции, движење со помош на инвалидска количка, строго утврдени активности кои смее да ги прави - Иванов на крајот успева да застане на своите две нозе.

Но, оваа приказна не би била толку поинаква од останатите доколку неговата борба завршела со чувствување на тлото. Иван и покрај препораките од докторите да не им се враќа на спортските активности, тој годинава, по 3 и пол години пауза освои прво место во бодибилдинг.

Спортот не е неговата единствена пасија. Иванов исто така е преталентиран и за музика, но тој дел од себе го чува само за најблиските. Раскажува дека и покрај тоа што музиката е неговата втора и многу голема љубов, сè уште не успеал да ја надмине тремата која секој музичар (барем малку) ја чувствува пред јавен настап, па токму затоа малкумина знаат дека Иван поседува и одлични вокални способности.

Слушнете ја животната приказна на Иванов - а, нашиот совет за денеска е да црпите инспирација од лица токму како него.

Новинар: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ 



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk