"Не се мешајте, 30 години молчевте"! Ердоган со јасна порака до велесилите

Точка

01/10/2020

20:20

7.242

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Речеп Тајип Ердоган се спротивставил на мешањето на САД, Русија и Франција во судирот околу Нагорно-Карабах, откако лидерите на тие три земји ги повикале Ерменија и Азербејџан да ги продолжат преговорите.

"Со оглед на тоа дека САД, Русија и Франција го занемаруваа овој проблем речиси 30 години, не е прифатливо да учествуваат во напорите да се постигне прекин на огнот", рекол Ердоган. 

Истакнал дека трајно примирје може да се постигне само ако "ерменските окупатори" се повлечат од Нагорно-Карабах.

Претседателите на САД, Русија и Франција, Доналд Трамп, Владимир Путин и Емануел Макрон, денеска ги повикале Ерменија и Азербејџан да ги продолжат разговорите за судирите во регионот Нагорно-Карабах без предуслови.

"Ги повикуваме лидерите на Ерменија и Азербејџан да продолжат преговори без предуслови, во добар дух и под покровителство на ОЕБС од Минск", наведено е во соопштението.




Спонзорирани линкови

Маркетинг