Захарова: Имаме докази дека екстремисти се распоредени во Нагорно-Карабах

Макфакс

01/10/2020

20:08

1.099

Големина на фонт

а а а

Таа одговарајќи на новинарското прашање на кои информации се потпира руското МНР кога вчера соопштило дека е недопустливо екстремисти да бидат распоредени на подрачјето на судирите, пренесе ТАСС.

„Имаме такви докази. Такви информации ни се на располагање. Во целост сте во право. Таквите материјали се позајмени од социјалните мрежи и соодветни публикации, но во соопштението кое беше поставено на сајтот на Министерството за надворешни работи сигурно сме се потпирале на сопствени откритија, факти и извори“, рекла Захарова. 

Соопштението, како што навела таа, предизвикало загриженост во Москва поради тие факти, но во конкретниот случај не сакала да открие детали, одговарајќи на прашањето кои земји користат екстремисти во судирите.

Руското Министерство за надворешни работи во соопштение вчера објави дека екстремисти од Сирија и Либија се прераспределени во зоната на судирите во Нагорно-Карабах.



Спонзорирани линкови

Маркетинг