Најмладата сестра во семејството Кардашијан-Џенер, Кајли Џенер (23) ги разнежнила своите следбеници на социјалните мрежи.
Имено, објавила фотографии со ќеркичката Сторми (2), која ја добила во врска со раперот Травис Скот (29) и го прославиле првиот училишен ден од дома.
Малата Сторми позирала во црна маичка со кратки ракави и панталони, а како секој ученик, имала и ранец. Меѓутоа, на сите 'им паднала во око' токму таа чанта, која чинела неверојатни 10.000 евра. Целата комбинација ја надополнила со бели патики.
Гордата мајка напишала: „Првиот училишен ден“!
Хејтерите на Кајли ѝ замериле што го 'размазила' девојчето. Сметаат дека детето за училиште од дома би можело да носи и пижами, а не толку скапоцени брендови.
Ова не е првата дизајнерска торба на Сторми, веќе има две брендирани. Едната ѝ ја подарила мајка ѝ и чини 1.000 евра, а другата тетка ѝ Клои Кардашијан и таа чини 1.700 евра.
На видеото се гледа и таткото на Сторми, Травис. И покрај тоа што тој и Кајли раскинаа минатата година, постојано се зборува дека парот повторно се смирил, со оглед на тоа дека секогаш се заедно.