Снимка од соборување на авиони: Силите на Нагорно-Карабах се пофалиле со рушење на неколку азербеџански летала

Точка

01/10/2020

18:34

9.554

Големина на фонт

а а а

Министерството за одбрана на Ерменија денеска соопштило дека војската на Нагорно-Карабах соборила еден азербеџански авион и еден хеликоптер.

Набрзо потоа било пријавено дека биле соборени уште два авиони, пренесува „TASS“.

„Погодени се уште два авиони. Тоа значи дека денеска се соборени три непријателски авиони. Покрај тоа, два хеликоптери и шест беспилотни летала се уништени во рок од половина ден“, рекол портпаролот на ерменското Министерство за одбрана, Артсрун Ованисјан на својот Фејсбук профил.

Силите на Нагорно-Карабах собориле еден непријателски авион и еден хеликоптер на јужниот и југоисточниот правец, напишала претходно на својот Фејсбук профил портпаролката на Министерството, Шушан Степањан.

Հերթով, շարքով, կարգով... Ասկերանում ՊԲ ուժերի կողմից խոցված ադրբեջանական անօդաչու թռչող սարքն է։ ԱԹՍ-ն խոցվել է բնակելի...

Posted by Shushan Stepanyan on Четврток, 01 октомври 2020

Пред неколку часа ерменското Министерство за одбрана пријавило дека се соборени три азербеџански хеликоптери, уништени се 15 возила и најмалку еден ракетен систем и шест дронови.

Покрај тоа, Министерството соопштило дека е погоден авион на азербеџанското воздухопловство, кое се срушило на територијата на Иран.  



Спонзорирани линкови

Маркетинг