Луѓето бесни на старлетата: Ја нашминкала својата 6-годишна ќерка и ѝ ставила вештачки трепки

Точка

01/10/2020

18:00

2.538

Големина на фонт

а а а

Британската старлета Кејти Прајс неодамна на социјалните мрежи споделила фотографии од 6-годишната ќерка Бини, која била нашминкана и носела вештачки трепки.

„Бини обожува шминки. Тоа не е чудно со оглед на тоа дека ја сакаме и јас и нејзината сестра“, напишала Кејти под фотографиите кои предизвикале поделени реакции.

„Премлада е. Зошто сакаш да мисли дека е поубава со тоа на лицето?“, „Децата не треба да се шминкаат“, „Шокирана сум колку лоша мајка си. Таа е невино дете, тргни ѝ ја шминката“, „Прекрасна е, но не ѝ требаат лажни трепки“, „Зошто шминкаш толку мало дете“, биле дел од коментарите.

Сепак, имало и такви кои ја оправдуваат постапката на старлетата.

„Па, што ако е нашминкана? Сите девојчиња сакаат шминки“, „Многу е слатка. Па што ако има шминка? Девојчињата сакаат да испробуваат шминки“, пишувале други.

Ова не е првпат Кејти да ја шминка нејзината 6-годишна ќерка. Неодамна објавила фотографија на која Бини носи ајлајнер и црвен кармин. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг