Точка ТВ: Брак со животни, деца со ајлајнер и нечиста лева рака - ова се верувањата на еден од најстарите народи на светот

Точка

01/10/2020

16:45

3.995

Големина на фонт

а а а

Индијците се издвојуваат од остатокот од светот по необичните обичаи и традиции кои ги почитуваат.

На бебињата во Индија им се става ајлајнер на долниот капак од окото кој го нарекуваат кајал или сурма, а се прави од пепел. Се верува дека кајалот ги штити децата од уроци.

Индијците изразуваат чувства преку мимики на лицето и гестикулации со рацете. На пример, фаќањето на ушите означува искреност и извинување од дното на душата.

Индијците пијат црн чај со млеко и зачини бидејќи веруваат дека го јакне имунитетот, ги намалува воспаленијата и дава енергија.

„Тали“ претставува рамен сад на кој се служат јадења со различни вкусови. Индијците јадат на овој начин бидејќи веруваат дека совршениот оброк мора да содржи баланс од сите вкусови. Исто така, ниту едно јадење не се служи без леб, а интересно е тоа што овој народ никогаш не применува диети.

Наместо порцелан и други материјали кои ги сметаат за нечисти, жителите на Индија секогаш претпочитаат челик бидејќи изгледа убаво, а освен тоа е практичен и евтин.

Фестивалот на боите е најпопуларниот индиски фестивал. Најпознатата одлика на фестивалот е гаѓање со прав во различни бои.


Левата рака кај Индијците се смета за нечиста бидејќи со неа се извршуваат сите „валкани“ работи. Затоа тие јадат и се ракуваат исклучиво со десна рака.

Индијците длабоко веруваат во хороскоп - aко хороскопот вели дека личноста нема среќа, ѝ се нуди брак со дрво или животно за да се прекине клетвата и да се избегне страдањето во брак со друга личност.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk