Mакедонските државјани може да патуваат во Словенија со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа

Макфакс

01/10/2020

16:00

268

Големина на фонт

а а а

За влез во Словенија на државјани од трети земји, меѓу нив и на Македонија, ќе биде потребен негативен ПЦР тест не постар од 48 часа.

Како што објави словенечката Амбасада во земјава, тестот треба да биде направен во референтни лаборатории во државите, а во Македонија тоа е Институтот за јавно здравје во Скопје.

Во соопштението се додава дека важи и исклучокот без тест и карантин за влез во земјата, само со цел одржување контакт со потесни членови на семејството, а лицето се враќа во рок од 72 часа, како и за преминување на границата на деца под 14 години само доколку патуваат со потесен член на семејство кој приложил негативен тест.

Одлуката на словенечката Влада за влез на македонски државјани во државата стапува во сила од денеска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг