Професорот Џејмс Логан се појавил во британската утринска емисија „This Morning Show“ во која зборувал за тренирањето на кучиња за детектирање на Ковид-19.
Но, вниманието на гледачите го привлекле неговите тесни панталони кои откривале повеќе отколку што Логан веројатно планирал.
Се чини и дека некој од зад камерите му укажал на професорот на проблемот бидејќи во еден момент почнал да го прекрива своето меѓуножје со хартиената вреќичка која ја држел во рацете.
Но, фотографиите од него за многу кратко време станале хит на Твитер.
„Простете ми, тука се зборуваше за кучиња? Премногу ми сметаше меѓуножјето на професорот“, „Ќе ви се јавам, професоре“, „Кучиња? Какви кучиња?“, „Дали воопшто некој зборуваше тука?“, се шегувале корисниците на Твитер.
Набрзо се огласил и самиот Џејмс Логан кој се пошегувал на своја сметка.
„Кучињата се вистинските ѕвезди тука“, напишал професорот на својот Твитер профил.