Се сеќавате ли на оваа игра на "Facebook"? Кон крајот на годината се гаси, луѓето разочарани

Точка

01/10/2020

15:06

1.585

Големина на фонт

а а а

Една од најпопуларните игри на "Facebook" оваа година целосно ќе згасне.

Пред 11 години на "Facebook" се појавила видео-играта која го полуде светот - "Farmville". Во виртуелното одржување на фармата уживале многумина, но неодамна се проширила тажна вест. 

Имено, на својот официјален профил на "Facebook", од "FarmVille" објавиле дека на 31-ви декември оваа година играта целосно ќе згасне.

Оние кои уште ја играат оваа игра ќе можат купуваат од апликацијата до 17-ти ноември, но по тој ден и тоа ќе биде оневозможено. Остануваат уште три месеци уживање во играта, додека не згасне целосно.

Најавено е дека игрите "FarmVille 2", "FarmVille 2: Country Escape" и "FarmVille 2: Tropic Escape" и натаму ќе бидат достапни за играње, но и дека наскоро доаѓа и "FarmVille 3".

Сепак, илјадници играчи засекогаш ќе жалат за првата верзија од играта која повеќе од десет години забавуваше милиони луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг