ОН тврдат дека бројните нелегални мигранти со бродови не се закана за Британија

Макфакс

01/10/2020

14:44

876

Големина на фонт

а а а

Рекордниот број на нелегални имигранти кои го преминале Ла Манш – близу 7.000 или повеќе од тројно повеќе од 2019 година, не претставува закана за Велика Британија, па дури може да биде и благодет за даночните обврзници, тврдат Обединетите Нации (ОН).

Зборувајќи пред Комитетот за внатрешни работи на британскиот парламент во средата, претставници од меѓународното тело тврдеа дека Велика Британија треба да отвори нови канали што ќе им дозволат на многу повеќе нискоквалификувани и неквалификувани мигранти од Третиот свет легално да влезат во земјата за да ги спречат поединците да плаќаат за трговија со луѓе. 

Претставничката на УНХЦР во Велика Британија, Росела Паључи-Лор, им рече на пратениците дека илјадниците луѓе кои влегле во Велика Британија во последните месеци не се проблем. Таа тврди дека единствените „опасности“ од ситуацијата се ризиците по животот на мигрантите кои патуваат преку каналот во гумени чамци, заедно со уште еден поразличен вид на ризик, а тоа е критичкото известување за феноменот во медиумите.

„Луѓето што ќе ги најдете во чамците се речиси истите што во спротивно би ги нашле во некој камион. Нема вистинска разлика – главниот ризик е за нив е во однос на опасноста од самиот премин,“ вели таа.

Паључи-Лор исто така ја отфрли идејата дека чамците може да се вратат назад во Франција, нагласувајќи дека обидите да се направи ова може да ги доведе во опасност животите на мигрантите и затоа не треба да бидат опција за Велика Британија.

Пагључи-Лор и Винсент Кочетел, специјален пратеник на УНХЦР за нелегална имиграција во Европа преку медитеранската рута, изјавија дека Велика Британија е популарна дестинација за мигрантите поради нејзината репутација на шампион во мултикултурализмот и ја повикаа владата да создаде безбедни, легални патишта за миграција.

„Во моментов, правилата за повторно обединување на семејството во Велика Британија се прилично ограничувачки. ОН се залага за нешто пошироко дефинирање на семејството“, се пожали Паљчи-Лор, објаснувајќи дека владата ги ограничува барањата на членовите од потесното семејство, како што се родителите и децата.

Таа тврди дека огромното ширење на миграцискиот синџир нема да претставува огромен товар за Велика Британија и нејзиниот систем на социјална помош и јавните служби.

Како одговор на прашањето дали би било поекономично за Велика Британија да им помага на бегалците во конфликтните области отколку да ги преселува тука, Паључи-Лор посочи дека видела студија која покажува дека мигрантите придонеле повеќе во британската каса отколку што чинат во услугите.

Всушност, промиграциските истражувачи од Универзитетскиот колеџ во Лондон, спонзорирани од ЕУ, откриле дека миграцијата од надвор од Европа ги чинела британските даночни обврзници 118 милијарди фунти помеѓу 1995 и 2011 година.

Студии во цела Европа дошле до слични заклучоци, откривајќи дека мигрантите од Третиот свет и нивните потомци се значително поверојатно да бидат невработени или со ниско платена работа отколку домородното население.

Повикот на ОН за Велика Британија да ги прошири можностите за миграција доаѓа неколку дена откако невладините организации, заедно со повеќе од 70 инфлуенсери, упатија слични барања до владата за значително зајакнување на имиграцијата од најсиромашните земји во светот, преку обединување на семејството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг