Мозамбик е држава на источниот брег на Африка, богата со природни ресурси, но сепак голем број луѓе живеат под границите на сиромаштијата.
Португалскиот фотограф и режисер Бруно Педро, патувајќи низ Африка потполно се заљубил во оваа африканска земја со рајски плажи и острови.
Воодушевен од позитивната енергија на тамошните луѓе која не ги напушта и покрај тешкотиите со кои се соочени, тој ја овековечил целата убавина на овој свет.
Шетајќи низ нивните села, Педро уживал во ведриот дух на овој народ кој ниту едно зло не може да го сруши. Своите импресии, фотографот ги пренел за „Bright Side“, а како што истакнал, жителите на некогашната португалска колонија не ги тргнуваат своите насмевки од лицата и кога се' оди по надолна линија.
Токму тоа ги прави посебни!
Дел од направените фотографии, Бруно Педро ги објавил на Инстаграм, а истите можете да ги погледнете во продолжение: