Митева: Владата ги потцени наставниот кадар, родителите и учениците

Макфакс

01/10/2020

13:27

725

Големина на фонт

а а а

Генералната проба која се покажа неуспешна заврши. Владата предводена од СДСМ не само што се прецени, туку и го потцени целиот наставен кадар, сите родители, па и сите ученици, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не уверуваа дека за еден месец можат да направат нешто што не може да се реализира. На самиот старт на учебната година, согласно Сојузот на средношколци над 80 илјади ученици немаат основни услови за следење онлајн настава. Нивното барање за воведување на комбиниран модел на образование, не е дозволено од Министерството за образование и наука. Учениците со право стравуваат дека учебната годината може да биде изгубена. Не може да биде оправдување што министерот е сменет. Владата, па и најголем дел од министрите се исти, само со сменети ресори. Ако Владата мислеше барем малку образованието, со ова темпо ќе работеше цело минато полугодие. Но, за нив одржувањето на изборите и водењето институционална кампања беше приоритет“, рече Митева.


Таа вели дека за да се презентира нормален почеток на учебната година наставниците и учениците се насочени кон употреба на „Microsoft Teams“ мрежата, затоа што Националната платформа е комплетно нефункционална. Митева оценува дека македонското образование се соочува со бројни инфраструктури проблеми, слаб квалитет според меѓународните тестирања, несоодветни образовни програми и недоволна мобилност.

„Ние решенија понудивме во нашата програма, се однесуваат на интегриран електронски систем во образованието, кариерен центар за наставниците со цел градење на капацитетите, воведување на квалитетни наставни програми и многу други проекти. Прашањето е дали имате желба вистински да ги подобрите состојбите во образованието? Дали се обврзувате да воведете модерна настава со дидактички средства и опрема или со неуспешни платформи? Потребно е да ги препознаете базичните морални и етички вредности, па потоа да се направи избор и начин на соочување со предизвиците. За на крај, доколку не успеете, да поднесете оставка“, додаде Митева.



Спонзорирани линкови

Маркетинг