Украина: 146 пожари, 10 хоспитализирани и осуммина загинати

Макфакс

01/10/2020

13:23

764

Големина на фонт

а а а

Во неколку шумски пожари, кои го зафатија источниот дел на Луганск, Украина загинаа осум лица, а 10 се хоспитализирани, соопшти денеска службата за итни случаи.

Пожарите загрозиле 22 населени места и зафатиле површина од околу 9.300 хектари, соопшти службата за итни случаи, додавајќи дека 120 лица биле евакуирани, пренесе „Ројтерс“.

Локалните власти изјавија дека имало вкупно 146 пожари, од кои 82 биле изгаснати.

Украински власти соопштија дека пожарите можеби биле предизвикани од гранатирање од блиската област контролирана од проруски активисти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг