Францускиот бренд „Кензо“ со пролетна колекција инспирирана од нашата Атиџе: „Соработка меѓу човекот и природата“

Точка

01/10/2020

14:05

2.591

Големина на фонт

а а а

Францускиот моден бренд „Кензо“ ја претстави својата нова пролетна колекција која што е инспирирана од филмот „Медена земја“.

Во колекцијата на португалскиот дизајнер Фелипе Оливиера Баптиста се истакнуваат креации со пчеларски вел, за кои што тој вели дека се референца од „Медена земја“.

Инаку, во прилог на ревијата, модното списание „Vogue“ потсетува дека филмот го прикажува контрастот помеѓу главната протагонистка, жената која што ги почитува пчелите и им остава половина мед за да преживеат и нејзините соседи кои што ги искористуваат природните ресурси и ги убиваат пчелите.


„Тоа е една од најдревните соработки помеѓу човекот и природата. Сакав да ја изразам кршливоста на ситуацијата во која што се наоѓаме. Сите го гледаат дното на ситуацијата, но ние одиме високо и сонуваме за оптимизам и иднина“ - изјавил Баптиста.




Спонзорирани линкови

Маркетинг