Мијатовиќ го посочи убедливо најдобриот играч во Реал и излезе со брутален заклучок за повредениот Азар

Дерби

01/10/2020

12:34

3.534

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид воопшто не брилјираше на „Алфредо Ди Стефано“ и едвај успеа да го скрши отпорот на Валјадолид, натпревар на кој херој во нападот беше резервистот Винисиус Жуниор, а во одбраната фантастичниот Тибо Куртоа.

Белгискиот чувар на мрежата во неколку наврати спречи шокантен расплет на настаните при резултат 0:0, па поради тоа, по крајот на натпреварот доби навистина големи пофалби од страна на легендарниот Пеџа Мијатовиќ кој посочи дека Тибо во овој момент е убедливо најдобар играч на Реал.

– Куртоа имаше мала криза кога пристигна во Реал Мадрид, но сега е убедливо најдобар играч на Реал Мадрид. Реал се спаси со Валјадолид само поради тоа што има фантастичен голман меѓу стативите, – изјави Мијатовиќ за „Кадена Сер“, по што се насочи кон другиот Белгиец во тимот, малерозниот Еден Азар.

Големата ѕвезда продолжи со малерозниот период и поради нова повреда отпадна од комбинација за настап со Валјадолид и ќе мора да паузира неколку недели, а Мијатовиќ го предупреди дека Реал Мадрид нема уште многу да го чека ако не ги реши своите проблеми оваа сезона.

– Сите знаеме дека ова ќе биде многу важна сезона за Азар и тој треба да биде свесен за тоа. Реал Мадрид е голем клуб и нема време да чека никого, дури ниту Азар. Мора да заздрави како што треба и да почне да покажува перформанси на теренот, – порача Пеџа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг