Зинедин Зидан по средбата со Валјадолид призна дека Азар е многу вознемирен во овој момент

Дерби

01/10/2020

12:31

2.510

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид во текот на вчерашниот ден славеше минимална победа против Реал Валјадолид со 1:0.

Пред натпреварот беше соопштено дека Еден Азар ќе пропушти неколку средби поради мускулна повреда, а по средбата Зидан даде повеќе инфомрации за состојбата на белгискиот фудбалер.

– Не можам да ви кажам колку долго ќе биде отсутен, доби удар на тренингот пред натпреварот. Изгледаше како ситна мускулна повреда, но на крај испадна дека е повеќе од тоа.

– Тој е надвор веќе одреден период. Не верувам дека оваа повреда ќе го оддалечи долго, но не можам да ви кажам колку долго. Тој е многу вознемирен во овој момент затоа што се беше во ред до сега.

– Еден не е среќен, но треба да знае дека ова не е нешто големо. Заедно треба лесно да го поминеме овој период. Прашање на време е кога ќе се врати, сигурен сум, -изјави Зидан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг