Маските и визирите задолжителни – еве како изгледа снимање на холивудските филмови за време на Ковид-19

Точка

01/10/2020

12:43

1.962

Големина на фонт

а а а

Еден од првите филмови во Холивуд кој што го продолжи снимањето е „Последниот дуел“ со Мет Дејмон, Џоди Комер и Адам Драјвер во главните улоги.

Тие ги објавија и првите фотографии од снимањето на филмот во Ирска. Филмот почна да се снима во месец март, но само неколку седмици по снимањето истото било запрено поради пандемијата.

Сега главните актери се вратија на сет и може да видиме дека мерките за претпазливост навистина се почитуваат.


Сите актери мора да носат заштитни маски. На фотографиите може да се види Мет Дејмон со заштитна маска. Комер сепак одлучила да носи визир.

Исто така, сите статисти кои што учествуваат во снимањето на филмот мора да носат заштитни маски, а поинаку не можат да пријдат до местото на снимањето.

На актерите единствено им е дозволено да ги извадат маските кога снимаат сцени. Во текот на сите паузи мора да ги носат на своите лица, а секој ден им се мери и температура.


Инаку, филмот „Последниот дуел“ го режирал генијалниот Ридли Скот, додека пак сценариото го пишувале Мет Дејмон и Бен Афлек.

Во кината треба да пристигне во октомври, 2021 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг