Реакции на дебатата: На мета на твитерџиите и Трамп и Бајден, но и водителот

Точка

30/09/2020

20:32

3.269

Големина на фонт

а а а

"Едноставно негледливо", така дебата ја прокоментирал еден од коментаторите на "CNN". Се разгорела и дебатата и социјалните мрежи - Твитер на Трамп не му бил наклонет, а ништо подобро не минале ни неговиот противкандидат, па ни водителот на дебатата.

"Срамна, дива и навредлива", гласи еден од коментарите за првата претседателска дебата меѓу Трамп и Бајден. 

"Јас сум наставничка. Никогаш во милион години не би дозволила училницата да ми се претвори во нешто вакво"...

"Ние сме подобра земја од тоа што е прикажано вечерва"...


"Целата оваа дебата е национална срамота"... 

...се некои од коментарите на социјалните мрежи.

Гласниот, напаѓачки настроен и некултурен Трамп на Твитер го добил прекарот "Bully" или насилник, а гледачите посебно биле шокирани од неговата поддршка на белите супрематисти.

Според оценката на гледачите, еден од поголемите губитници е водителот на дебатата. Новинарот на "Fox", Крис Волас, тешко го смирувал "бесниот" Трамп.

"Единствен поголем губитник од Бајден вечерва е Крис Волас", напишал новинарот Роган О'Хендли.

На негативните коментари на негова сметка се приклучил и тој самиот. Ги проследувал таквите твитови.

"Ако уште не можете да откриете зошто американската јавност не им верува на медиумите...Само погледнете ја изведбата на Волас вечерва", гласи една од пораките.

Иако згрозени, корисниците на социјалните мрежи добро се забавувале на сметка на кандидатите, па за време на дебатата објавувале гифови и мемиња.



Спонзорирани линкови

Маркетинг