Папагали отстранети од зоолошка градина во Велика Британија откако меѓусебно се научиле да ги пцујат посетителите

Точка

30/09/2020

20:28

2.731

Големина на фонт

а а а

Вработените во една зоолошка градина во Велика Британија биле принудени да раздвојат и да тргнат од очите на јавноста група од 5 африкански сиви папагали кои ги пцуеле посетителите.

Како што наведуваат светските медиуми, папагалите биле донирани од 5 различни сопственици, но тие пред да бидат изложени, одреден период биле ставени заедно во карантин каде еден од друг за многу кратко време научиле да пцујат, меѓусебно поттикнувајќи се тоа да го прават. 


Освен оние најчестите, во нивниот речник може да се пронајде било која друга пцовка која можете да ја замислите, изјавил директорот на зоолошката градина, Стив Николс.


Иако повеќето од посетителите ги сметале за забавни, па дури и им возвраќале, поради можното негативно влијание врз децата, папагалите биле раздвоени и привремено преместени на локации далеку од очите на јавноста за да се одвикнат од оваа лоша навика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг