Ѓорѓија Сајкоски избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

30/09/2020

20:04

1.070

Големина на фонт

а а а

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по предлог на претседателот Христијан Мицкоски, денеска го изгласал Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата.

Ѓорѓија Сајкоски е роден во Кичево и е доктор на историски науки. Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во сегашниот состав на Собранието.

„Во минатото Сајкоски има извршувано повеќе функции и тоа претседател на Совет на Општина Кичево 2009-2013, заменик министер во министерство за локална самоуправа, директор на ЈП Студенчица. Сајкоски има извршувано и повеќе партиски функции“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека членовите на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го избрале и му дале поддршка на Сајкоски бидејќи веруваат дека тој одговорно ќе ја врши функцијата генерален секретар и ќе ги застапува конкретните политики на партијата.

До неодамна функцијата генерален секретар во ВМРО-ДПМНЕ ја извршуваше Игор Јанушев.




Спонзорирани линкови

Маркетинг