Сопственичка не можела да престане да се смее поради случајната фотографија од својот миленик

Точка

30/09/2020

18:11

3.815

Големина на фонт

а а а

4-месечен златен ретривер станал вистински хит на социјалните мрежи откако неговата сопственичка го фотографирала во необична поза.

Алиса Гера, студентка по психологија од Тексас, објавила фотографија на која го држи своето милениче во раце. Таа со раката го придржувала за задникот, а на фотографијата изгледало како кученцето да има истакнат, заоблен задник. 

Алиса ја објавила фотографијата на својот Инстаграм профил и за кратко време ја лајкнале многу луѓе.

„На почетокот не го ни забележав неговиот задник бидејќи направив повеќе фотографии и веднаш потоа го заклучив телефонот. Но, неколку часа подоцна ја видов фотографијата и буквално се смеев до солзи“, изјавила Гера.

„Не очекував вакви реакции. Беше тешко да одговорам на сите коментари, но реакциите се позитивни. Мојот миленик стана ѕвезда преку ноќ“, заклучила девојката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг