На неговите стапала можат да седат 100 луѓе: Џиновска статуа стара 1200 години

Макфакс

30/09/2020

17:34

1.900

Големина на фонт

а а а

Ова монументално чудо е вдлабено во карпа на планината Емеи во близина на градот Лешан. Со 71 метри висина, се смета за најголемата предмодерна скулптура на светот.

Големиот Буда во Лешан е џиновска скулптура запишана на списокот на УНЕСКО во Азија и Океанија, во 1996-та година. Била вдлабена во периодот од 713-та до 803-та година за време на владеењето на династијата Танг, а во тој процес учествувале илјадници работници.


Тоа монументално чудо е направено во карпа на планината Емеи во кинеската провинција Сечуан. Со висина од 71 метар, се смета за најголемата скулптура на светот.


За илустрација, добро е да се спомене дека рамената на Буда се широки 24 метри, секое уво е долго околу 7 метри, а горниот дел од стапалото е околу 9 метри, што е доволно за на него да може да седнат стотина луѓе.


Поради обилните дождови и силните ветрови на тоа подрачје, статуата претрпела огромни штети низ вековите. Кинеската влада одлучила да го реновира во 1963-та година, а оттогаш стана главна туристичка атракција за многу посетители во тој дел од најнаселената земја на светот.


Во Кина се организираат туристички тури со брод по цена од 80 кинески јуани, а искусните познавачи тврдат дека Големиот Буда најдобро е да го видите напролет или наесен, бидејќи летата на тој простор се со обилни врнежи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг