И Google Maps конечно ја доби долго бараната опција на темен режим на работа, која инаку се уште не им е достапна на сите корисници.
Google полека започна за ја додава опцијата Dark Mode на своите апликации, а сега на ред дојде и Google Maps.
На корисниците на одредени уреди, како на пример Pixel и OnePlus веќе им се прикажува новото мени, односно можноста за избор на Dark Mode опцијата.
Dark Mode го има верзијата Google Maps v10.51.1 и достапна им е на корисниците на Android 11 оперативниот систем, а засега не е познато кога ќе им стане достапна на сите корисници.
Dark Mode не се однесува само на приказот на мапата, туку и на Google Maps менито кое за прв пат е целосно темно.