Игор од Преспав за Точка: „Кога ми кажаа дека Ула ќе биде Тијана, си реков: 'Како ќе се споиме, како ќе работиме...'“

Точка

30/09/2020

20:59

20.589

Големина на фонт

а а а

Игор Ангелов е еден од можеби најпопуларните актери во моментов на домашната сцена - засега најпознат по улогата на Коста во „Преспав“.

Во текот на вчерашниот ден бевме на попладневно кафе во вториот дом на Игор - Драмскиот театар.

Ангелов 'на големо' веќе се подготвува за почетокот на новата сезона на „Преспав“, која ќе почне со снимање на почетокот на следниот месец.

Теми за разговор со актерот има многу, но, по барање на публиката, најголемиот дел од разговорот го посветивме на неговото учество во „Преспав“.

Игор нѝ откри дека на почетокот, кога продуцентот Пеце му ја споделил идејата за сега веќе популарната серија, тој бил по малку скептичен, со оглед дека ваквиот формат за него тогаш било нешто ново. Исто така, интересно е да се спомене дека пред воопшто да почнат со снимање на серијата, Ангелов имал многу прашања поврзани со неговата улога, но и со улогата на неговата партнерка Ула, односно Тијана Дапчевиќ, со оглед дека таа не е актерка. И покрај сите нејаснотии, после 4 успешно завршени сезони, единствено што нѝ преостанува да кажеме е дека Игор и Тијана се одличен тандем - тим кој функционира исто како пред малите екрани.

Актерот ексклузивно за Точка откри дека летово снимал игран филм во Софија, Бугарија, во кој има специфична улога, голема трансформација, а сето тоа ќе може да се погледне на малите екрани во текот на 2021-ва година.

Работи кои што не сте ги знаеле за Игор Ангелов, со кого најмногу се смее на сетовите, што се случува позади камерите, кога ќе почне 5-та сезона на „Преспав“ и уште многу други нешта за актерот - слушнете ги во интервјуто.

Новинар: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk