Силниот имунитет е моментално приоритет, а со овој напиток целосно ќе го зајакнете.
Зимата се наближува, како и периодот во кој владеат вируси, а со оглед дека пандемијата на коронавирусот и понатаму е во тек, многу е важно да се одржува силниот имунитет.
Лекарите советуваат дека со зголемената употреба на витамините Д и Ц и доволната количината на сон, организмот може да се избори со сите вируси и бактерии кои го напаѓаат. Освен тоа, овој напиток може значајно да помогне во зачувување на здравјето.
- прополис капки
- лимон
- мед
Во чаша топла вода додајте 15 капки прополис, сок од еден лимон и 1 лажичка мед. Добро промешајте и напитокот е спремен.
Сите три состојки се многу моќни - лимонот поради големата количина на витамин Ц, а прополисот делува против вирусите и бактериите, па затоа се смета за лек на 21-от век. Посебна карактеристика на прополисот е што бактериите не создаваат отпорност на него и нема штетни пропратни појави како што е случајот со синтетските антибиотици.
Докажано е дека прополисот има антибактериски, антивирусни и антиоксидативни својства. Тој го зајакнува имунитетот, ги уништува клетките на рак, но и ја поттикнува регенерацијата на ткивата.
Медот е полн со есенцијални нутритиенти и одлично делува во поттикнување на правилната работа на имунолошкиот систем. Од витамини најмногу содржи рибофлавин, ниацин и витамин Б6. Присутни се и амино киселини, калциум, железо, магнезиум, фосфор и цинк.