Новороденче на ГАК позитивно на Ковид-19 – случај кој ги „збунува“ и докторите

Точка

30/09/2020

13:30

3.182

Големина на фонт

а а а

Бебе кое што се родило на ГАК е позитивно на коронавирусот, тврдат извори за „Телма“ од клиниката.

Бебето е изолирано во посебна просторија и се смета дека е можно да е првото новороденче кое што се заразило со вертикална трансмисија од мајката, велат извори за „Телма“.

Инаку, од клиниката за гинекологија ја потврдуваат оваа информација, но исто така оставиле и простор за сомнеж бидејќи со тоа ова би било првиот случај на вертикална трансмисија на Ковид-19, што досега не било докажано дека постои.

Моментално се прави уште еден тест за кој што се чекаат резултатите, а тестот е направен по препорака на Министерството.

Ниту мајката, ниту новороденчето немале симптоми, а тоа уште повеќе го зголемува сомнежот на докторите.

Мајката имала позитивен Ковид тест, но само на еден антиген, а не на двата кои што се потребни, сега се чекаат и нејзините резултати.

Досега, ваков случај во земјава не е потврден, па се чека во текот на денов дополнителните испитувања да покажат дали е можно Ковид-19 да се пренесува преку вертикална трансмисија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг