Баерн Минхен го испушти Сержињо Дест, па сега се насочува кон млад фудбалер на Брајтон

Дерби

30/09/2020

12:20

1.406

Големина на фонт

а а а

Од таборот на Баерн Минхен до крајот на преодниот рок сакаат да ангажираат нов десен бек кој ќе биде алтернатива на таа позиција за Бенжамин Павар.

Долго време се пишуваше дека германскиот тим е фаворит за потписот на Дест, меѓутоа во последен момент се појави Барселона, па фудбалерот од вчера е во шпанскиот град каде денес треба и официјално да стави потпис на договор.

„Баварците“ сега своето внимание го насочуваат кон младиот десен бек на Брајтон, Тарик Лампти.

19 годишниот фудбалер игра одлично во клубот од „Амекс“ по неговиот трансфер од Челси во јануари.

Тогаш Лампти пристигна во Брајтон за сума од четири милиони фунти, а сега Баерн Минхен е подготвен да даде големи 25 милиони фунти за да го обезбеди неговиот потпис.

Дека станува збор за одличен и талентиран десен бек покажа и последниот натпревар на Брајтон против Манчестер Јунајтед во кој Лампти успеа да изнуди удар од белата точка, а постојано беше опасност за Лук Шо по десната страна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг