Познато што му порача нервозниот Мурињо на Лампард, менаџерот на Челси даде коментар по мечот

Дерби

30/09/2020

12:19

2.967

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо беше дел од две навистина необични ситуации на дерби мечот меѓу Тотенхем и Челси во Карабао Купот, бидејќи најпрво влезе во вербален клинч со Френк Лампард, а потоа во второто полувреме мораше да отиде во соблекувалната и да изврши притисокот врз Дајер кој „заглави“ во тоалет.

Португалскиот стручњак успеа да го преживее сето ова и на крајот се израдува на пласман во наредната рунда, откако неговиот Тотенхем израмни на 1:1 во завршницата, а потоа беше подобар во пенал рулетот во кој единствената утка ја изрежира Мејсон Маунт.

Од нервозната дискусија која ја имаше со својот ученик од минатото, за издвојување се зборовите кои му ги испрати Мурињо на Лампард, со кои му порача дека не е толку активен крај аут линијата кога неговиот тим има убедлива негтива.

– По ѓаволите Френк, кога губиш 3:0 обично не стоиш тука крај аут линијата, – му порача Мурињо, а иако нивната вербална „војна“ изгледаше доста енергична, Лампард по крајот на мечот нагласи дека меѓу него и Португалецот ништо не е променето.

– Искрено, ние имавме малку забава крај аут линијата, навистина стојам добро со Жозе. Само му реков дека зборува повеќе со судиите отколку со своите играчи. Имам огромен респект кон Жозе. Се беше добро на крајот и тоа никогаш нема да се промени меѓу мене и него, – изјави Лампард.

– Не треба да бидеме протагонисти на ваков начин. Кога губеа пред неколку дена 3:0 на полувреме, бев тажен поради тоа што тој беше потиштен и мирен на клупата. Не треба да му кажувам ништо, тој е фатастичен тренер, – изјави Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг