Новото истражување ги открива клучните елементи на трансмисија на Ковид-19 во текот на зимските месеци – 7 начини како да се заштитите

Точка

30/09/2020

12:55

2.699

Големина на фонт

а а а

Во текот на зимските месеци соочени сме со нови предизвици за спречување на ширењето на пандемијата коронавирус.

Двајца научници од Кипар во новото истражување ги откриваат клучните фактори во пренесувањето на заразата, а еден од нив е и брзината на испарување на контаминираните капки во воздухот.

Двајца научници од Кипар, од Универзитетот во Никозија одлучиле да спроведат истражување за начинот на кој што тој вирус се шири.

Истражувањето веднаш го објавиле, а исто така тие имаат совети и за тоа на кој начин секој од нас може да допринесе во намалувањето на ширењето на заразата.

Во интервју за порталот „News Medical“, д-р Талиб Дбоук и професорот Димитрис Дрикакис објасниле дека во своето истражување дошле до заклучок дека постојат комбинација фактори кои што влијаат во трансмисијата на новиот коронавирус и дека тие фактори се поврзани со брзината на ветрот, температурата на воздухот и релативната влажност на воздухот.


„Нашето истражување покажа дека пренесувањето на новиот вирус е поизразено при температура на воздухот од 25 степени целзиусови или пак пониска и при влажност на воздухот еднаква или поголема од 65 отсто. Тоа воедно објаснува зошто вирусната инфекција е почеста назима отколку во текот на летото“ - велат научниците.

Истражувањето го спровеле така што развиле напредна „CFD“ нумеричка платформа која што овозможува предвидување на концентрацијата на новиот коронавирус во контаминирани капки во воздухот.

„Компјутерскиот модел развиен во рамките на ова истражување овозможи квантификација на одржливоста на вирусот низ функции на температурата на воздухот, релативната влажност и брзината на ветрот или пак протокот на воздух во затворени и отворени простории“ - објаснуваат научниците.

„Коронавирусот се пренесува по пат на лебдечки, контаминирани капки кои што во себе содржат специфична концентрација на честички вирус. Додека патуваат во воздухот, капките испаруваат што може да се поврзе со одржливоста на вирусот“ - вели кипарскиот научник.

Со други зборови, колку почесто капките ќе испарат, толку е помала одржливоста на вирусот во воздухот.


На крајот од истражувањето тие ги изнеле и своите препораки со кои што луѓето може да се заштитат од трансмисијата на вирусот во воздухот:

1. Почитување на социјално дистанцирање, најмалку два метри доколку не постои проток на воздух

2. Да се избегнуваат услови на зголемена релативна влажност во воздухот, особено во затворени простории

3. Избегнување места со ниска температура

4. Избегнување масовни собири и места полни со луѓе

5. Носење заштитни маски, особено во ситуации каде што има близок контакт со луѓе

6. Избегнување затворени простории во кои што работат вентилатори

7. Само природно прочистување на воздухот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг