За еден ден казнети 374 возачи во Скопје

Макфакс

30/09/2020

09:18

513

Големина на фонт

а а а

Полицијата вчера казнила 374 возачи во Скопје од кои 92 за брзо возење.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, 29 септември, продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 374 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола се казнети 24 лица, за пречекорување на дозволената брзина 92 лица, а за технички неисправни и нерегистрирани возила казнети се 16 возачи.

Полицијата вчера казнила и 27 мотоциклисти, 107 возачи за непрописно паркирање, а изречени се 16 санкции кон пешаци и 48 казни за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг