Главната и уште две медицински сестри дадоа отказ од Инфективна клиника – се почитуваат ли профилите на здравствените работници во Македонија?

Точка

30/09/2020

09:01

5.657

Големина на фонт

а а а

Главната сестра од Инфективна клиника во Скопје дала отказ од работното место, а документот за барањето на отказот протече и на социјалните мрежи.

Во документот може да се види, како таа на 21-ви септемви, годинава, поднела барање од управата за да се прифати нејзиното отказно решение, со образложение дека е деградирана како медицинска сестра:

„Барам да ми го прифатите отказот од работа, со претходна најава од месец дена, во кој период ќе го користам годишниот одмор од 2019 и 2020 година. Причините да ја напуштам клиниката по 28 години професионална работа се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра, како една од најважната алка во медицинскиот тим“ - се наведува во документот испратен до управата на клиниката.


Инаку, таа не е единствената која што си заминува од клиниката поради тоа што отказ поднеле уште две медицински сестри кои што барањата ги доставиле вчера - со исто образложение.





Спонзорирани линкови

Маркетинг