Овие професии се ризични: Дали вашата работа ќе ја преземат роботи?

Точка

29/09/2020

20:16

2.808

Големина на фонт

а а а

Дали вашата професија се наоѓа во ризичната група?

Експертите со проучување на вештачката интелигенција и пазарот за работа дошле до заклучок дека за десет години роботите ќе ги заменат касиерите, операторите во кол-центрите и таксистите. 

Каде тогаш да пронајдеме дополнителни приходи во случај на загуба на работата или мала пензија?

Во некои работи вештачката интелигенција веќе ги замени луѓето. На пример, програмите за обработка на гласови се усовршени и одлично ја исполнуваат улогата на операторите во кол-центрите, која инаку е прилично застапена работа во нашата земја, посебно кај младите. Се претпоставува дека до 2030-та година 80 проценти од работните места во кол-центрите ќе ги имаат роботи. Слична судбина ќе се случи и со касиерите. Веќе сега многу продавници имаат каси за самопослужување.

Роботизираните продавачи полека им ги земаат местата на луѓето. Во блиска иднина и таксистите ќе останат без работа, како и работници во обезбедување и туристички работници. Многу професии се на листата за автоматизација. Многу компании имаат и програми кои работат на финансиски пресметки, секако луѓето ги проверуваат, но бројот на вработени е намален, наведува раководителот на отсекот за истражување во компанијата "Headhunter", Марија Игнатова.

"Поштите и библиотеките одамна се на листата за автоматизација, но кога ќе дојдете во пошта ќе видите многу луѓе кои работат. Преведувачите исто така се ризична група, бидејќи постојат голем број на преведувачки програми. На листата се и работници во банки. Некои на оваа листа ги ставил и наставниците, но јас сметам дека човековиот контакт тука е потребно да се зачува", рекла Игнатова. Некои експерти сметаат дека е можно и уметниците да се заменат со роботи. На пример, наместо дизајнер на ентериер, тоа може да биде многу прецизен програм. Но, дали е можно робот да компонира музика, пишува книга или да игра во претстава?

План Б

Јасно е дека роботите нема да ги заменат сите луѓе, но какви работи ќе бараме во иднина ако кругот се стесни? Марија Игнатова смета дека најраспространето сценарио за професии ќе биде одржување на роботи. "Тие се појавија, но ако се расипат, некој ќе мора да ги поправи. Колку повеќе техника, толку повеќе луѓе кои ќе ја проектираат, произведуваат и одржуваат", објаснува експертот. Во светот веќе одамна е познато дека концептот "една професија за цел живот" не е актуелен. Луѓето се почесто ги менуваат не само компаниите, туку и професиите. Експертот смета дека е потребно во сите сфери секој вработен да работи на својот личен и професионален развој. Во некои професии не е потребно да се заврши факултет за да се научи нешто ново и добро да се заработи. Претходно луѓето, кои често ги менувале професиите, биле наречени неодговорни, а сега им се восхитуваме. Ако ваквиот флексибилен пристап продолжи, ќе има работа дури и во време на роботите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг