Еве како да го прочитате вашето бебе по изразот на лицето

Точка

29/09/2020

20:05

2.301

Големина на фонт

а а а

Бебињата не зборуваат, но и тоа како знаат да ги покажат своите емотивни состојби уште од првите денови по доаѓање на светот.

Бебињата многу знаат за луѓето и светот, од нивните гримаси можеме да дознаеме што е она што го мислат, вели психологот Алисон Гопник, авторка на книгата „Бебе филозоф: Што нѝ зборува детскиот мозок за вистината, љубовта и смислата на животот“.

Еве како да го прочитате вашето бебе.


Истражувачки поглед - бебињата лесно се фасцинираат од работите кои ги опкружуваат, а тоа го покажуваат со интензивен, истражувачки поглед во одрдена насока или кон некоја личност или предмет;

Бараат внимание - со ненадејно плачење, викање и фрлање на работтие, бебето бара ваше внимание и покажува дека му е здодевно. Дајте му ја омилената играчка или запејте ја песната која ја сака;

Не сакам да си играм - штом ја заврти главата на другата страна и избегнува контакт со очите, бебето покажува дека не сака да комуницира. А, тоа ќе го потврди и ако почне да си игра со прстите;


Напучени усни - родителите треба на бебето да му дадат простор ако се налути и притоа ги стисне напучува усните, бидејќи така покажува дека сака осаменост;

Широко отворени очи - ако бебето ги собере веѓите и притоа широко ги отвори очите, тоа обично го прави додека се напрега во текот на вршењето нужда;

Намрштено лице - секогаш кога ќе се налути, бебето го покажува она што го чувствува, а во овој случај станува збор за неудобност. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг