„Мене најде да ме зае*аваш!?“ Навивач на Федерер го провоцирал Новак за време на мечот, Ѓоковиќ му одговорил со бакнеж

Точка

29/09/2020

19:34

4.512

Големина на фонт

а а а

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ лесно ја надминал првата пречка на Отвореното првенство во Франција, каде го совладал Швеѓанецот Микаел Имер, со 6: 0, 6: 2, 6: 3.

Новак речиси и да немал никакви проблеми со противникот, дури ни во третиот сет, кога во првата половина претрпел брејк и му дозволил на ривалот да израмни на 3:3.

Во седмиот натпревар од последниот дел од играта, Новак имал вербална дискусија со некој од публиката, а откако ја добил играта, му испратил бакнеж на навивачот кој, како што рекол странскиот коментатор, имал маица со ознаките на Роџер Федерер.

Освен тоа, кога седнал на клупата, српскиот тенисер рекол: „Мене најде да ме зае*баваш“.

„Интересен момент на теренот. После изгубениот поен Ѓоковиќ остро погледнал накај публиката. Потоа ја добил играта и саркастично му испратил бакнеж на навивачот кој, како што вели коментаторот, изгледа бил навивач на Федерер“, напишал индискиот новинар Рохан Алварес на Твитер. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг