Страшни сцени од Нагорно-Карабах: Уништен град, азербејџански ракети паднале покрај училиште и градинка

Точка

29/09/2020

18:50

3.393

Големина на фонт

а а а

Последиците од ескалацијата на судирите во Нагорно-Карабах се гледаат на секој чекор во градовите на таа непризнаена држава.

Вооружената борба на Ерменија и Азербејџан влегла во својот трет ден, а страшните сцени забележани од окото на камерата го обиколуваат целиот свет. 

Ситуацијата во Нагорно-Карабах ескалирала во неделата, а Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за почетокот на борбените дејствија.

Posted by ՀՀ պաշտպանության նախարարություն / MoD of the Republic of Armenia on Tuesday, 29 September 2020

Во Ерменија е воведена воена состојба, извршена е општа мобилизација и забрането е излегување од земјата на мажи од 18 до 55 години. Во Азербејџан е воведен полициски час.

На третиот ден од борбите, двете страни пријавуваат загуби, а меѓу настраданите, освен војници, има и цивили.

Posted by ՀՀ պաշտպանության նախարարություն / MoD of the Republic of Armenia on Tuesday, 29 September 2020

Министерството за одбрана на Ерменија објавило фотографии од уништениот град Степанекерт.

Објавени се и фотографии од азербејџанска ракета и местото каде паднала, во близина на училиште и градинка во Степанекерт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг