Кели во 2002-ра година победи на Идол, а сега е непрепознатлива: Пејачката се маскирала во очила и шешир, а килажата...

Точка

29/09/2020

18:22

2.645

Големина на фонт

а а а

Кели Кларксон е фатена на плажа, а други едвај ја препознале популарната пејачка.

Кели прошетала во тренерки, без шминка и со големи очила на лицето, како и шешир на главата. Она што сите забележале е дека Кели драстично ја зголемила својата килажа. Многумина зборуваат дека повеќе не изгледа како некогашната победничка на „Американски идол“ од 2002-ра година.


Инаку, пејачката неодамна го завршила 7-годишниот брак, а разводот тешко ѝ паднал. Тогаш открила дека животот ѝ личи на 'депонија'. За својата килажа Кели изјавила:

„Мојата килажа варира. Некогаш јадам повеќе, некогаш повеќе тренирам. Постојано го менувам конфекцискиот број кој го носам. Кога луѓето ќе почнат да ги коментираат моите килограми, секогаш велам дека тоа е нивен проблем, не мој. Јадам здраво и нездраво во подеднакви количини. Не се трудам да ослабнам или да здебелам“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг