Еден твит на социјалните мрежи покрена лавина коментари, а станува збор за серијата „Сексот и градот“.
Имено, многу мажи „продефилираа“ низ серијата, но најзапазен остана Господинот Ѕверка кој го толкуваше Крис Нот. Кери Бредшо и Ѕверката беа еден од омилените ТВ парови, па не е ни чудно што нивната љубов имаше среќен крај.
Сепак, многу девојки ја гледале серијата во своите тинејџерски и 20-ти години од животот, но кога дошле во позрелите години, сфатиле едно - Ѕверката не е совршен. Сега на Твитер една дама напишала дека сопругот на Шарлот (Кристин Дејвис), Хери (Иван Хендлер) е најдобриот маж од сите.
Спред корисниците на социјалните мрежи, Хери за разлика од другите беше верен, не се сомневаше во врската со Шарлот, имаше добра работа, беше успешен, имаше смисла за хумор и Шарлот со него создаде и семејство за кое само сонувала.