Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

Макфакс

29/09/2020

17:47

2.068

Големина на фонт

а а а

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата.

„Одобрена е организацијата на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија“, соопштија од Владата.

Владата денеска го усвои и извештајот на Комисијата за давање согласности за организирање настава со физичко присуство во училиштата за барањата на основачите доставени во периодот од 25.09.2020 до 29.09.2020 година.

Извештајот на Комисијата е на следниот линк http://vlada.mk/sites/default/files/img/izvestaj_za_vlada_7_29092020.pdf на веб-страницата на Владата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг