Најдобрите палачинки по рецепт на Џејми Оливер: Има само една тајна...

Точка

29/09/2020

17:18

2.763

Големина на фонт

а а а

Во рецептот на познатиот готвач Џејми Оливер нема одделување на белките од жолчките, нема мерења и специјални состојки, сè е во една бројка.

Состојки:

- една шолја брашно
- една шолја млеко
- едно јајце
- една лажица прашак за пециво 


Подготовка:

Изматете ги сите состојки и премачкајте ја тавата за палачинки со две капки масло, а потоа ставете го шпоретот на тивок оган. Кога ќе се загрее, ставете три лажици од смесата и печете. Кога по краевите ќе почнат да се појавуваат 'меурчиња', свртете ја палачинката и печете додека не добиете златеникава боја.

Сервирајте со јаворов сируп, овошје и мед, боровница и слатка павлака. Вака подготвените американски палачинки може да се јадат и во солена комбинација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг