Вирален хит на интернет: Во Шпанија потекла река вино

Точка

29/09/2020

16:38

1.473

Големина на фонт

а а а

За помалку од една минута, сопственик на винарија во Шпанија претрпел голема штета, но настанала и снимка која станала вирална и кружи на интернет.

Во винаријата "Бодегас Витивинос", во централна Шпанија, за неколку минути виделе како изгледа река од вино... 

Видео снимката која се шири на социјалните мрежи прикажува како од огромниот резервоар со волумен од 50.000 литри, за помалку од минута истекува вино и се разлева по бетонираното тло на фабриката.

По пукањето на резервоарот, се гледа бордо гејзир, а потоа и река од вино, но ароматичната течност набрзо се разлеа на сите страни по тлото и под паркираните возила.

Виното и резервоарите кои и припаѓаат на винаријата "Бодегас Витивинос" се стационирани во градот Виламале во централна Шпанија.

Винаријата е основана во 1969-та година и годишно преработува шест милиони тони грозје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг